Британскиот турист за малку ќе заврши во болница откако му беше откинат дел од пенисот за време на жесток секс со тајландска проститутка.
Неименуван 30-годишник во саботата навечер се јавил во локалната служба за итни случаи, врескајќи од болка. Ги молеше да дојдат што е можно побрзо, пишува Дејли Меил.
Лекарите и полицијата притрчале кон неговиот хотел, лоциран во „квартот на црвените светла“ во Патаја, убедени дека младиот човек бил нападнат и евентуално убиен.
Кога пристигнале, ги пречекал еден човек во боксери кој го стегал неговиот пенис, а покрај него била проститутка во собата. Белите чаршафи на креветот беа прекриени со крв.
Во паника туристот им објаснил дека за време на жестокиот секс му била откината кожата на главата на пенисот. Ургентите веднаш започнаа да го запираат неговото крварење, а младиот човек од срам одби да оди во болница.