Германскиот колекционер на автомобили Карл Хајнц Рекоф одлучи да му претстави на јавноста еден од неговите највредни автомобили. Рекоф се возел по руралните патишта околу градот Ајнбек во Саксонија.
Ова е антички модел на Викторија кој го конструирале Карл Бенз и неговата компанија. Автомобилот под името Викторија-Бенз првиот сопственик го купил во 1894 година.
Интересно е што истото семејство го чувало до 2005та година, кога Рекоф го вклучил во неговата колекција автомобили, купувајќи го од потомците на првиот сопственик.