На Бред Пит не му е гајле за Анџелина? Извори тврдат дека глумецот очекува ‘одмазда’ што ја однел новата девојка во замокот каде се венча со бившата

popara3 септември, 20202min0
o_14559574_1024

На Бред Пит воопшто не му е гајле колку би можела да биде вознемирена неговата поранешна сопруга Анџелина поради тоа што ја однел неговата наводна нова љубов, 27-годишната оженета германска манекенка Никол Потуралски, во Шато Миравал на југот на Франција. Тоа се случи скоро точно шест години откако Анџелина и Бред се венчаа на тој имот на 23 август 2014 година во присуство на нивните шест биолошки и посвоени деца.

Неименуван извор за UsWeekly изјави дека на Бред едноставно не му е гајле дали Анџелина ќе се налути и очекува дека ќе се обиде да се одмазди на некој начин.
Големото прашање е како однесувањето на Бред ќе се одрази на судската битка за старателство над децата што сè уште трае меѓу Бред и Анџелина. Таа поднесе барање за развод пред четири години, битката околу децата сè уште трае, а не е познато дали тие постигнале договор за поделба на имотот.

View this post on Instagram

Family first🙏 @angelinajolie.offlcial

A post shared by Brad Pitt (@bradpittofflcial) on


Неодамна, Анџелина побара судијата што ја надгледуваше бракоразводната парница да биде отстранет од случајот поради судир на интереси затоа што соработува за деловни активности со еден од адвокатите на Бред. Покрај тоа, Анџелина наводно сака семејството да се пресели во Лондон, што секако би му создало големи потешкотии на Бред редовно да ги гледа децата.

На имотот Шато Миравал, кој го купија во 2011 година за 60 милиони долари, Бред и Анџелина беа вклучени и во производство на вино, нивната роза беше пофалена, а Бред штотуку лансираше шампањ на пазарот. Токму поради промоцијата на новиот производ, тој дојде во Франција со Никол со приватен авион од Лос Анџелес.


Иако нивната наводна врска дури сега го привлекува светското внимание, можно е да се заедно веќе девет месеци. Тие се запознаа минатата година во берлинскиот ресторан Борхард, сопственост на 68-годишниот сопруг на Николина, Роланд Мери, со кого, наводно, е во отворен брак и го имаат седумгодишниот син Емил.

Бред е чест гостин на овој ресторан од 2009 година, тој почна да оди во него во времето кога го снимаше филмот „Безобирни копилиња“ на Квентин Тарантино во Германија. Минатата година тој повторно уживаше во понудата на ресторанот додека го промовираше филмот на Тарантино „Еднаш, некое време во Холивуд“ во Берлин, со кој доби Оскар за најдобра споредна машка улога, а потоа ја запозна и Никол која изгледа како неговата поранешна девојка Анџелина …
Во декември, Бред зборуваше за Љујорк Тајмс за озборувања за неговиот љубовен живот.

„Не знам колку жени тврдеа дека биле во врска со него во последните две-три години, но ништо од тоа не е вистина“, рече 56-годишниот актер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag