Откако ги совладавме неонските удари и тушот на очните капаци, се чини дека најхрабрите меѓу нас кога станува збор за шминка ќе одат чекор подалеку.
Полека навлегува под нашата кожа. Станува збор за „банана шминка“, односно жолта сенка за очи, дизајнирана од шминкерката Паз Сикес, која вели дека инспирацијата за овој изглед била секојдневието во карантин, неговата околина и природа.
Паз користела кремкаст жолт пигмент на очните капаци, малку маскара, моливче за очи со кој правела пеги и гел за веѓите за овој изглед. Ако сте расположени за малку експериментирање, еве еден добар предлог.