На Кејти Холмс и недостасува старата љубов

popara13 јуни, 20201min00
Annotation 2020-06-13 1111

Подготвена да ја обнови романсата 

Бредли Купер и Џастин Тероу се последните двајца мажи кои беа поврзани со глумицата Кејти Холмс. Најновите медиумски написи нагаѓаат дека Кејти конечно е подготвена да и даде шанса на старата љубов. Станува збор за романсата со 41-годишниот глумец Крис Клеин. Таблоидот ‘New Idea’ тврди дека на глумицата и недостасува старата љубов. 

Причината поради која почна повторно да се пишува за нивната љубов е карантинот, кој настана поради корона вирусот. Според нивните зборорви, Кејти ‘умира од досада’ дома, поради што почнала да гледа Netflix. Токму оваа платформа повторно ја поттикнала искрата, со оглед на тоа дека Крис се појавува во романтичната серија ‘Sweet Magnolias’

‘Многу се возбуди кога го здогледа Крис. Сепак тој е нејзината прва љубов. Многу брзо се ‘навлече’ на споменатата серија и истакна дека Крис сега и е уште поубав.  ‘Му фрли око’, тоа е сигурно.’ -вели анонимен извор за споменатиот таблоид. Наводно неодамна му се јавила. ‘Му праќа пријателски пораки. Иако сето тоа е прилично невино, многу луѓе околу нив би сакале да пробаат повторно, сега кога пораснаа’, истакна.

Глумецот кој порано беше свршен за Кејти за нивната врска своевремено изјави: ‘Јас многу работев, а таа снимаше една серија, па се гледавме на паузите од работа. Бевме деца. Се запознавме пред да бидеме законски возрасни за конзумација на алкохол. Работевме, бевме успешни и се забавувавме. Тоа беа раните 90ти и се забавувавме. Тоа е се’. Инаку Кејти зад себе има пропаднат брак со глумецот Том Круз во кој ја доби 13-годишната ќерка Сури, која сега и е најважна. 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag