Таа ги истетовира броевите „4:43“ на раката, а според странските медиуми, оваа тетоважа е посветена на нејзината ќерка Сторми. Имено, Сторми е родена на 1 февруари 2018 година, во 4:43 часот или 16:43 часот по локално време, а нејзината мајка реши да и оддаде почит на малата принцеза на овој начин. Сепак, не е познато во кој момент Кајли реши да стави тетоважа. Деновите ги поминува во канцелариите на Кајли Козметика, каде подготвува нови производи, а во претходните денови имала различни фотографии за новата кампања, кога фановите ја забележале новата тетоважа.