Меѓу мајките и татковците на кои не им е дозволено да си ги гледаат децата има и познатио личности. Еве дел од нив.
Маја Николиќ
Меѓу првите за кои се слушна во јавноста беше пејачката Маја Николиќ, која во 2011 година го изгубила старателството над синот Лазар.
—На правдина ми е одземено детето! Нема да се откажам- порачала таа тогаш.
Тина Ивановиќ
Добро е познато дека не и е дозволено да го гледа синот Даниел.
—Кога требаше да го видам, поранешниот сопруг и неговото семејство не ми го дозволија тоа. Не можам ни сама да набројам колку пати отидов до куќата во која живееше, го чекав пред врата со надеж дека ќе го видам. Еднаш ми успеа, отидов до куќата и тој возеше велосипед. Му ставив пари во раката и му кажав дека сум негова мајка. И денес се сеќавам на неговиот збунет поглед. Набрзо потоа отидов во Германија да работам, од каде редовно му праќав алиментација- изјавила таа во едно интервју.
Таа не го видела синот 10 години, а повторно се поврзале кога тој пораснал и оттогаш се во редовни контакти.
Индира Радиќ
Популарната пејачка на народна музика и нејзиниот поранешен сопруг денеска имаат коректен однос, но кога нивниот син Северин бил мал, татко му го зел.
—Мојот живот, особено во тој период беше полн со трња, предизвици, искушенија, солзи, тага, болка. Одев и се борев како морепловец. Да бев слаба и кукавица, немаше да издржам- признала во една прилика.
Ивана Стаменковиќ Синди
Случајот со поранешната членка на групата “Моделс” пред неколку години ја потресе јавноста бидејќи по разводот од нејзиниот поранешен сопруг Никола Павловиќ тој го добил старателството над ќерката Петра. Таа го обвинила за семејно насилство, а пред неколку години признала дека и понатаму се бори.
—Мојот случај е застарен и водам битка од 2012 година. Патем го изгубив старателството, иако го пријавив дека вршеше насилство и врз мене и врз детето. Во меѓувреме доби забрана да ми приоѓа. Покрај сето тоа, тој го добива старателството- изјавила таа.
Северина Којиќ
Кон крајот на минатата година на хрватската пејачка Северина Којиќ привремено и беше одземено старателството над синот Александар кој го доби во врската со српскиот бизнисмен Милан Поповиќ. Детето му припаднало на таткото, а Северина до денес смее да го гледа само 88 часа месечно. Таа повеќе пати зборувала за својата незавидна ситуација, а кога пандемијата зема сила, таа допатувала во земјата да го види синот бидејќи дознала дека е во самоизолација. Тогаш ги расплака своите обожаватели кога раскажала дека со денови се обидува само да го види детето, но не успеала во тоа.
—Дојдов пред неговата белградска адреса, но не смеев да поминам преку влезната врата. Не дозволи ниту да ми мавне од тераса или врата…