Партнерката на фудбалерот Кристијано Роналдо паузираше од секси фотографиите кои редовно ги објавува на социјалните мрежи и реши да го покаже своето семејство. На луксузна јахта на која ужива со својот свршеник додека тој има пауза од фудбалските натпревари, Георгина Родригез позираше со целото семејство.
Георгина и Кристијано уживаат во јахтата во Портофино, Италија, со своите деца, а фотографиите покажуваат колку се тие среќни.
За семејството на Роналдо, јахтата е главна дестинација ова лето и тие ја користат во секоја можност за да избегаат од обврските. Родригез го поддржува својот свршеник на секој натпревар.
Со месеци кружат гласини дека Роналдо и неговата убава свршеница тајно се венчале, но славната двојка ги негираше сите обвинувања. Тие се во врска од 2016 година и заедно имаат ќерка Алан (2), а Георгина се грижи и за неговите деца кои му се родиле од сурогат мајки.