„ИЗБРОЈТЕ ГО секој глас“ е натпис кој од вчера се појавува на профилите на најголемите sвезди како Ријана или Ким Кардашијан.
„Вреди да се чека за демократијата“, „Избројте го секој глас, ќе почекаме“, се пораките испратени од славните денес. „ Избројте го секој глас“, напиша Џо Бајден на својот профил на Твитер, кандидат јавно поддржан од многу sвезди.
Трамп и неговите приврзаници се противат на тоа. Доналд Трамп прогласи победа веднаш по затворањето на избирачките места и поднесувањето на првите резултати и поднесе тужба до Врховниот суд и побара преиспитување на одлуката на државниот суд во Пенсилванија, со која се дозволува пребројување на гласовите дури и по денот на изборите. Тој исто така побара од судот да престане со пребројувањето на гласовите во Мичиген.
“Поднесовме тужба пред Апелациониот суд во Мичиген да го запреме пребројувањето на гласовите се додека не ни се даде соодветен пристап. Исто така, побаравме да се преиспитаат сите гласачки ливчиња што веќе биле преброени пред да имаме пристап”, се вели во соопштението од персоналот на Трамп.