Најбрз и најевтин начин да ја промените фризурата со помош на патецот

popara28 април, 20202min00
коса

Каков патец носите? Веројатно на средина на главата, или на страна. Промената на страната на патецот е најбрзиот и најевтиниот начин да ја промените и фризурата, а да не спомнуваме дека со помош на патецот можете да ја маскирате измастената коса или подраснатиот корен.

Но, како да одберете која страна на патецот најмногу ви одговара? Најдобро е да ги пробате сите варијанти.

1. На страна

Ако размислувате за патец на страна како што го носи актерката Оливија Мун, треба да се каже дека одговара на сите типови на лице и убаво ги истакнува веѓите. А ако имате силни веѓи имајте на ум дека оваа фризура дополнително ќе ги истакне, земајќи предвид дека едната страна од лицето ќе ви биде целосно откриена.

2. Шишки

Со шишки како што ги носи Кери Вашингтон можете да одберете каков патец сакате, но тој природно паѓа на средина.

3. На средина

Патец супер прецизно повлечен на средина на главата како Ким Кардашијан е класика и остава впечаток на чист ефект, но тој најдобро прилега на лице кое е симетрично.

4. Малку на страна

Ако сакате патец на средина, но не сакате да ги истакнете асиметричните делови на лицето, одберете патец кој е за нијанса понастрана од средината, како што го носи Блејк Лајвли, но не го местете многу на страна за да не влезе во категорија “патец на страна”.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag