Наједноставна кекс торта: Извонреден старински десерт за само 200 денари

popara10 април, 20201min00
keks-torta-2

Состојки:

  • 750гр кекс,
  • 1,5 млеко+малку за потопување на кексот,
  • 4 ванила пудинзи,
  • 12 лажичи шеќер,
  • 250гр маргарин,
  • ќесичка шлаг.

Подготовка:

Измешајте го пудингот, шеќерот и 200мл ладното млеко, измешајте ги добро да нема грутки. Остатокот од млекото ставете го да се проврие, па додадете го измешаниот пудинг и мешајте додека не згусне. Тргнете го од огнот, и ставете го во поголем сад и ставете фолија на пудингот. Оставете да се олади.

Марагаринот со собна температура измешајте го со миксер. Изладениот пудинг исто измешајте го со миксер па полека соединувајте го со маргаринот.

Поделете го кексот на 4 еднакви дела, во еден ред 18 парчиња кекс. На тацна ставете малку фил и со лажица убаво распределете го насекаде, така да кексот може поубаво да се залепи за тацната за да не се изместува кога ќе го нанесувате филот.

Кексот го потопувате во млакото млеко па го редите на тацната, филувате, па повторно кекс па фил, додека не го искористите материјалот. По желба украсете со шлаг и други декорации.

Оладете го, оставете го да отстои, најдобро преку ноќ, па послужете го.

Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag