Имаат милиони на своите банкарски сметки и светска слава, но некои ѕвезди не сакаат да „трошат“ време на лична хигиена.
Бред Пит – Неговиот колега Ели Рот изјави дека Бред не сака туширање и дека честопати го решава „проблемот“ со влажни марамчиња.
„Тој ми раскажа дека не секогаш има време да се тушира и тоа е најбрзиот начин да го реши проблемот„ – рече Рот.
Бредли Купер – Холивудскиот заводник се тушира три пати на ден, затоа што има проблеми со потење. Денот го почнува и завршува под туш, и ако вежба, не заборава да се измие после тоа.
Сепак, Бредли понекогаш мириса на пот, затоа што одбива да користи каков било дезодоранс, поради што мора почесто да се тушира.
Бритни Спирс – Поп-принцезата сака да објавува секси фотографии на Инстаграм и да се фали за тоа колку време поминува на вежбање, но нејзините навики за хигиена се сомнителни.
Имено, нејзиниот поранешен телохранител рекол дека размислувал за тужба против неа заради смрдеа на нејзиното тело и ретко капење.
Честопати е премногу тешко за пејачката да се истушира, а таа не сака да користи и дезодоранс. Бритни исто така има навика да оди боса на јавни места.
Метју Меконахи – Многу жени ширум светот воздивнуваат на овој актер, но неговите пријатели и колеги често не можат да дишат покрај него. Имено, холивудскиот убавец го сака мирисот на неговото тело и повеќе од 20 години не користи дезодоранси.
Ако почесто се тушираше, можеби нема да биде таков проблем, но неговите колеги честопати се жалеле на недостаток на хигиена на Метју за време на снимања. Но, тој посочува дека нема намера да користи дезодоранс затоа што не сака да мириса како другите луѓе.
Џенифер Анистон – Ненси Балбирер, поранешна цимерка на Џенифер Анистон, еднаш изјави дека било тешко да се живее со неа.
Имено, Џенифер имала навика да ја депилира бикини зоната на каучот во нивната дневна соба, а на аудициите, пред да стане позната, го полнела градник со пилешки медалјони за да ѝ изгледаат поголеми градите.
Анистон повеќе не го прави тоа, имајќи предвид дека нејзиниот имот се проценува на 300 милиони долари и дека денес живее различен живот, но минатото сепак останува запишано и нема бегање од тоа.
Кристен Стјуарт – Таа стана позната заради франшизата „Twilgiht“, како и врската со нејзиниот колега Роберт Патинсон.
Она што ги расипувало снимањата со Кристен за Роберт и екипата биле нејзините нехигиенски навики.Ја четкала и миела косата на секои неколку недели, а забите еднаш дневно. Сепак, иронично е што му пречела на Патинсон, со оглед дека неговите колеги имале кажано дека тој премногу ретко се истушира и смрди, што и самиот го призна.
Ума Турман – Актерката е исто така на списокот на холивудски нехигиеничари. Своевремено, стилист од филмски сет изјави дека актерката честопати доаѓала на снимањето во гардероба која била валкана и полна со исушена храна. Еднаш, дури морала да ги отстрани остатоците од храна што се „сушела“ неколку дена на задниот дел од маицата на Ума.
Леонардо Ди Каприо – Можеби најголемиот заводник на најсекси жените во Холивуд е максимално посветен на заштитата на животната средина и едукација за климатските промени.
Лео се обидува да направи што е можно помала штета на природата, па оттука и неговото верување дека никој не смее да користи дезодоранс на своето тело, така што тој не го прави тоа.
Ди Каприо исто така има навика да се тушира еднаш или двапати неделно, за да не троши премногу вода.
Џулија Робертс – Таа исто така го дели размислувањето на Ди Каприо и е посветена на борбата против климатските промени.
Џулија се обидува да користи што е можно помалку вода и ретко се тушира, а за дезодоранс истакнува дека неговото употребување не ѝ одговара, па затоа често има непријатен мирис.
Џесика Симпсон – Пејачката и актерка не сака да ги мие забите, иако тоа не би се забележало лесно заради нивната посебна белина. Таа истакнува дека не сака да го прави тоа и дека нема потреба затоа што – нема лош здив.
Орландо Блум – Убавецот кој очекува дете со Кети Пери, исто така, има проблеми со хигиената. Вообичаено е за него да носи иста облека неколку недели, иако мириса по неколку дена. Според странските медиуми, неговата поранешна сопруга Миранда Кер претрпела многу поради тоа.
Нему не му пречело, и тој бил премногу мрзлив да ја стави облеката да се пере. Иако, со сите милиони што ги има и помошници, не е тешко да се однесат работите на хемиско чистење …