Најкраткиот IQ тест во Светот е неверојатно едноставен, но 80% од луѓето прават барем една грешка

31 август, 2020
kreativan-um-830x0

Само 3 прашања ве делат од тоа да откриете дали сте просечна личност или целосен генијалец

Когнитивниот тест за рефлексија е најкраткиот тест за интелигенција во светот. Иако се состои од само три прашања и се чини неверојатно едноставно, само едно од пет лица успева да го реши правилно.

Необичен метод за проценка на интелигенцијата беше објавен во 2005 година од професорот Шејн Фредерик.

Секое од прашањата е креирано да ја процени вашата способност да идентификувате едноставен проблем што е всушност потежок отколку што е навистина.

Една студија покажа дека само едно од пет лица успеале правилно да го решат тестот, 17 проценти го направиле правилно, а 83 проценти направиле грешка.

Експертите тврдат дека секој што дава три точни одговори е генијалец.

Најкраткиот IQ тест во Светот:

1. Топче и бејзбол палка чинат 1,10 евра. Палката чини 1 евро повеќе од топка. Колку чини топка?

2. Пет машини за 5 минути прават 5 завртки, колку време ќе им биде потребно на 100 машини за да направат 100 завртки.

3. Во езерото има дел покриен со водни лилјани. Секој ден, тој дел е двојно поголем. Ако беа потребни 48 дена водните лилјани да го покријат целото езеро, за колку би покриле само половина од езерото?

Ако се обидовте да ги решите овие прашања, веројатно одговоривте 0,10 центи на првото прашање, 100 минути до второто и 24 часа до третото.

Ако е така, не сте во право.

Еве ги точните одговори:

1. Топчето всушност би чинело 0,05 евра

За овој одговор беше потребно да се размислува „надвор од кутијата“.

Иако е лесно да се претпостави дека топчето чини 0,10 евра, тоа би значело дека палката тогаш чини 1,10 евра затоа што е поскапа за 1 евро.

За да може вкупната сума да остане на 1,10 евра, топчето мора да чини 0,05 евра, а потоа палката  чини 1,05 евра.

2. Ќе бидат потребни 5 минути за да се направат 100 завртки

Пет машини можат да направат 5 завртки за 5 минути.

Ова значи дека една машина ќе направи завртка за 5 минути.

Затоа, 100 машини може да направат 100 завртки за 5 минути.

3. Потребни се 47 дена за водните лилјани да го покријат половина езеро

Купот двојно се зголемува секој ден додека се шири. Ова значи дека на 47-от ден, ден пред да го покрие целото езеро, би било на половина пат до целосна големина.