Пејачката Романа Паниќ издржуваше затворска казна за грабеж на австралиски банкомати, а по одреден период поминат зад решетки, таа беше депортирана во Србија, а старлетата Станија Добројевиќ проговори за случајот што ја запрепасти Србија.
- Жал ми е што Романа помина низ тоа. Америка и Австралија имаат добар стандард и најлесно е да украдете нешто или да измамите банкомат, но што кога ќе ве фатат? – праша Станија, која со години живее и работи во Соединетите држави.
- Да бидат депортирани и забранети за влез? Да не го спомнувам американскиот затвор … Законот е ригорозен и затоа секогаш им повторувам на нашите студенти кои доаѓаат во Америка летото да работат и да не си играат со животот – додаде Добројевиќ за Свет, пренесуваат медиумите.
- Кој работи чесно, може многу добро да заработи таму, да има дом, автомобил, да патува …