Дали уживате во кампување во природа? Тогаш, вреќата за перење Scrubba е вистинската работа за вас.
Вреќата е направена од цврст материјал со вградени јазли која е наменета за перење на алишта додека патувате, каде и да се наоѓате.
Доволно е вреќата да ја наполните со нечиста облека, вода и малку прашок, добо да ја затворите и да ја триете содржината од една до три минути. Потоа истурете ја нечистата вода, ставете чиста, исперете ја содржината во вреќата, исцедете го вишокот вода и ставете ги облеката и вреќата за сушење.
Гаќите, чорапите и маиците со кратки ракави е доволно да ги триете во вреќата околу една минута, додека поголемите парчиња облека треба да ги триете три минути. Доколку немате прашок за перење, може да се послужите и со течен сапун за раце, гел за туширање и сл. Добро е да се знае дека облеката ќе се испере полесно доколку имате топла вода, но секако може и со ладна вода.
Оваа практична иновација тежи 140 грама, па многумина ја нарекуваат најмала и најлесна пералница на алишта на светот.