Често напаѓана поради својата злоба
Популарната американска комичарка, водителка и продуцентка, 62- годишната Елен Деџенерес, од неодамна е константно на “тапетот” на медиумите. Освен по нејзината обожавана истоимена емисија ” Ellen DeGeneres Show” во која гостуваат славни личности и зборуваат за различни теми, обожавателите ја сакаат поради превртливиот и комичниот карактер. Но во последно време се слеваат обвинувања на нејзина сметка дека лошо се однесува кон вработените, ама и кон својата сопруга, 47-годишната австралиска глумица Порија де Роси, која трпи психичко насилатво од нејзина страна и зборува за Елен дека е лош човек, пишува Gossip Cop.
Комичарката со своето вечно расположение постави високи стандарди поради кои никој не можеше да посомнева дека во неа се крие “мала злоба”. Покрај обвиненијата дека ја напаѓа сопругата и се однесува неподносливо спрема неа, неодамна се појавија и озборувања како на своите вработени безмилосрдно им делела откази поради кризата во светот, без размислување дека тие луѓе многу веројатно ќе завршат на улица. Во една рака ситуацијата е разбирлива, но имено, Елен беше потполно безмилосрдна, дрска и без осет, пишуваат странските медиуми.
После обајвите на твитер во кои некогашните обожаватели ја вреѓаат и го коментираат нејзиното однесување, “кралица на злобата”, како би можела да се нарече во последно време, наводно се изрази и кажа дека поради новонастанатата ситуација и коментари кои секојдневно и стигаат стана толку депресивна и анксиозна , да едвај може ноќе да заспие. Објавите на социјалните мрежи знаеа да отидат толку далеку што се корстеше хаштаг #ripellen, укажувајќи на нејзината смрт.
Во друга рака, иако нагаѓањата за тоа би можеле да бидат потполна вистина, најпознатата светска лезбејка и понатаму не го прекина молкот за својот приватен живот и уназад месец дена воопшто не враќа на никакви обвинувања. Иако медиумите се преполни со “црните” муабети поврзани со неа и нејзиниот брак, во кој е полни 12 години, комичарката одбива да ја каже својата вистина и да ги прекине гласините.