Најпознатата ријалити фамилија се соочува со најголемата криза: На младата Кајли и се заканува затвор, владеат гнев и паника!

popara31 мај, 20201min00
2020 Vanity Fair Oscar Party Hosted By Radhika Jones - Arrivals

Кајли Џенер наскоро би можела да стане предмет на официјална истрага за фалсификување на даночни документи, и и се заканува затворска казна.

Веста дека Кајли Џенер повеќе не е на списокот на „Forbes“ милијардерите  и дека таа веќе не ја носи титулата најмлад милијардер во светот затоа што со години го преувеличувала нејзиниот успех и ставала лажни деловни резултати за нејзината козметичка компанија Kylie Cosmetics одекна како бомба во сите светски медиуми.

“Крис и Кајли се бесни и стравуваат дека ова ќе му наштети на нивниот бренд. Тие исто така би можеле да имаат проблеми со американската влада. Тие се загрижени за можните правни и социјални последици од оваа контроверзија и штетата на угледот на семејството Кардашијан-Џенер”, изјави извор близок до нив.

Кајли може да се соочи со кривична истрага, па дури и да заврши во затвор за даночни измами, потврди експертот за финансиска измама Јан Хандлик за „Daily Mail“.

„Претпоставувам дека американската комисија за регулирање и трговија со хартии од вредност ќе започне со она што тие го нарекуваат неформална истрага, што потоа може да се претвори во службена истрага што најверојатно ќе резултира и во судски покани“, рече Ханцлик.

Следејќи ги вестите за измама и лаги за бизнисот, 22-годишната Кајли објави на Твитер статус каде што тврди дека наводно воопшто не е загрижена за целата ситуација, но во тоа е навистина тешко да се поверува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag