Производителот на бисквитите Орео, еден од омилените видови на Светот, реши да постави свод на норвешкиот остров Свалбард, длабоко во Арктичкиот круг, за да го заштити производот од најтешки катастрофи и уништувања и складираше и пакет орео бисквити и рецепт за правење.
Инспирација за тој потег е Светската банка за семиња, сличен, но многу поголем свод, кој исто така се наоѓа на Свалбард и во кој се чуваат семињата на сите најважни растенија на Земјата во случај на глобална катастрофа.
Оваа акција претежно е од промотивен карактер, но беше сфатена сериозно, па бисквитот и рецептот беа ставени во амбалажа изработена од специјална полиестерска фолија, која може да издржи температури од минус 62 до 150 степени Целзиусови, и е нечувствителна на хемиски реакции и не пропушта влага и воздух.