НАЈПОЗНАТИТЕ „СЕНДВИЧ“ КОЛАЧИЊА СЕ ЧУВААТ НА НАЈБЕЗБЕДНОТО МЕСТО! Рецептот за светски познатото благо е „злато вреден“

31 октомври, 2020
oreo

Производителот на бисквитите Орео, еден од омилените видови на Светот, реши да постави свод на норвешкиот остров Свалбард, длабоко во Арктичкиот круг, за да го заштити производот од најтешки катастрофи и уништувања и складираше и пакет орео бисквити и рецепт за правење.

Инспирација за тој потег е Светската банка за семиња, сличен, но многу поголем свод, кој исто така се наоѓа на Свалбард и во кој се чуваат семињата на сите најважни растенија на Земјата во случај на глобална катастрофа.

Оваа акција претежно е од промотивен карактер, но беше сфатена сериозно, па бисквитот и рецептот беа ставени во амбалажа изработена од специјална полиестерска фолија, која може да издржи температури од минус 62 до 150 степени Целзиусови, и е нечувствителна на хемиски реакции и не пропушта влага и воздух.