Флоријана Месина за Телеграф открива дека преку друштвените мрежи и се додворуваат многу познати спортисти, дека го почитува Меси повеќе од Роналдо, како и дека Дилета Леота не ја смета за ривалка.
Познато е дека во Италија има многу провокативни водителки, а со планетарно популарната Дилета Леота, главната ТВ презентерка на Серија А, во Наполи е и врелата Флоријана Месина, која е како вулкан кој се заканува со ерупција во овој град под Везуф.
Со атрактивната црнка со колумбиско потекло, стапивме во контакт преку друштвените мрежи, откако го привлече нашето внимание со пораките посветени за Србија.
Беше расположена и за интервју, па ја прашавме за спортот, истакнатите спортисти од Србија , за фановите, како и за темите поврзани со италијанскиот фудбал, нејзината личност и “ривалството” со Дилета Леота.
Србија ги има најубавите жени во светот, не ја познавам Дилета Леота.
– Многу сум среќна што ме почитуваат во Србија,не можам ни да го замислам тоа. Мислам дека во Србија се некои од најубавите девојки во светот, така да тоа ми претставува големо задоволство. Го сакам српскиот спорт- порачала Флоријана.
Ја прашавме како баш во Италија се наоѓаат најатрактивните спортски новинарки?
– Мислам дека овде во Италија луѓето не судат само по изгледот и дека даваат шанса на преубава девојка која исто така има и што да каже.
Неизбежна тема беше и Дилета Леота, која многумина ја сметаат за нејзина најголема “соперничка” на телевизиските екрани.
– Хахаха многу луѓе ми кажуваат дека таа е моја соперничка, затоа што е русокоса , а јас црнка. Многу ја почитувам, но ние сме многу различни. Таа е слаба, додека јас имам повеќе облини, како девојките со латинско потекло како што сум и јас. Не се познаваме, се видовме само еднаш на една свеченост пред шест години.
-Ќе се соблечам гола кога Наполи ќе освои пехар.
Позната е како голема навивачка на Наполи, кој ги има некои од најжешките навивачи во светот.
Своевремено за Наполи се фотографираше во атрактивен дрес, а ја прашавме и дали е спремна на чекор повеќе , да се соблече гола и што би ја натерало на тоа.
– Можеби ако Наполи освои пехар.
Наполи пред две сезони играше против Звезда во Лигата на шампионите, но Флоријана не беше во Белград.
– Го следев натпреварот, но не бев во Белград на стадион. Можам само да ја замислам атмосферата таму.
Едно име се издвојуваше кога ја прашавме со кој од српските спортисти би сакала да направи интервју.
– Би сакала да го интервјуирам Сергеј Милинкович Савиќ.
Најпознатиот српски спортист Новак Џоковиќ неодамна и помогна на Италија и болницата во Бергамо, што ги воодушеви сите во Италија, па ја прашавме Флоријана дали е запознаена за тоа.
– Слушнав многу убави работи за Новак. Прочитав што направил за Бергамо и многу го ценам неговиот гест.
Истакнува дека никогаш немала трема пред интервју, како и дека многу познати фудбалери и се додворувале преку друштвените мрежи.
– Секогаш тоа се случува на друштвените мрежи. Многу од нив се многу познати.
Нејзиниот стајлинг често може да им делува збунувачки на фудбалерите, но Флоријана истакнува дека теа не водат многу сметка за тоа .
– Многу од нив имаат жени дома, кои ги гледаат на телевизија.
Кога ја прашавме кој и е омилен играч, кратко ни одговори.
-Меси.
После тоа не требаше да и поставиме прашање со кој би направила интервју, Меси или Кристијано Роналдо.
За крај ја прашавме за Марадона, богот на фудбалот во Наполи, каде нејзините слики се пред неговиот графит и неодамна предизвикаа голема заинтересираност од светските медиуми.
-Марадона не е бог на Наполи, но е бог на фудбалот- истакна Флоријана во интервју за Телеграф.