Наместо прекрасен одмор на егзотична дестинација, доживеала трагедија која ќе ја памети цел живот

popara29 април, 20201min00
petra1-1

Петра Немцова успеала да се спаси од смртта држејќи се на палма, но нејзиниот вереник, фотографот Симон Атли, бил убиен.

Манекенката Петра Немцова и нејзиниот тогашен свршеник, фотографот Симон Атли, се вратиле во нивниот хотел во Тајланд на 26 декември 2004 година, каде што престојувале, кога слушнале како луѓето врескаат и панично трчаат.

Потоа, огромен бран го потопил одмаралиштето каде што се наоѓале Петра и Симон, однел се пред себе нив и ги разделил. Станувало збор за катастрофално цунами што го погодило Тајланд и поради кое Петра за последен пат го видела својот вереник.

Телото на Симон било пронајдено само неколку недели подоцна со меѓу 280.000 други жртви. Британскиот моден фотограф имал 33 години кога настрадал. Според податоците на странските медиуми, Петра успеала да се спаси, затоа што се држела до палма и не се пуштила кога силниот бран ги потопил. Кога нивото на водата се спуштило, таа била забележана од некој човек, кој повикал на помош и веднаш ја однеле во болница.

После цунамито, манекенката имала скршеници на карлицата на четири места и претрпел внатрешно крварење во абдоменот и матката. Психички, таа била подеднакво уништена, како што се очекувало, бидејќи го загубила свршеникот и ги гледала телата како лебдат со часови.

Во 2005 година, Немцова ја основаше добротворната организација „Среќни срца“, чија мисија е да ги изградат и обноват училиштата што претрпеле природни непогоди. Оттогаш, реновирани се 208 институции во 10 земји, вклучувајќи ги Тајланд, Индонезија и Хаити.

Манекенката повторно се вљуби во претприемачот Бенџамин Ларетче, со кој се омажи во 2019 година.

Минатиот ноември таа роди син, Боди, на 41-годишна возраст.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag