Старлетата Сораја Вуќелиќ направила хаос на Инстаграм, кога решила да прозборува за нејзината здравствена состојба.
Фотографиите со скапа гардероба и шлапкањето во скапи базени на егзотични дестинации, ги заменила со признание:
“Мразам што сум биполарна”.
Сораја напишала дека “научила да се носи со тоа колку-толку и дека нормално функционира”
Подоцна ги избришала сите коментари.
Биполарното пореметување е пореметување во расположението кое се крактеризира со манични епизоди и депресија кои се променливи, предизвикани со губење на чувство за контрола и расположение. Најчесто почнува постепено, подеднакво ги погодува и мажите и жените, а во светот од неа боледуваат околу 60 милиони луѓе.