И додека поголемиот број на жени ги поминуваат деновите седејќи дома во домашна облека, некои жени како Луси, чиј плакар е преполн со креации за свечени излегувања, секојдневно имаат интересен стајлинг. Таа има вистинска палета на пролетни фустани, од лале крој со цветни мотиви, до пастелни и етерични.
Луси Роџерс потекнува од Лондон, но живее во Њујорк и своите дневни комбинации ги става на Инстаграм. Моментално работи во агенција за дигитален маркетинг.
– Го направив Инстаграм профилот Sayyestothewfhdress од шала, бидејќи имам голем број на убави фустани кои ги имам изнајмено, но немам каде да ги носам. Сакав малку да се забавувам, па ми дојде идеја да се средувам секој ден како за излегување надвор- изјавила Луси.
Убаво е да гледате колку луѓе се јавуваат и колку успевам да ги насмеам и да им го разубавам денот додека ова се случува, коментира Луси.
На фотографиите таа е облечена во преубави фустани кои ги изнајмила преку страната Rent the Runway и работи секојдневни работи како пиење кафе, чистење и секако, работење на компјутер.