Покрај тоа што го поттикнуваат растот на косата, тие се одлични и за кожата
Дали некогаш имате чувство како вашата коса воопшто да не расте? Сакате по природен пат да добиете здрава коса? Кога и да можете, вклучете дел од намирниците од оваа листа во вашите оброци.
Пилешко
Пилешкото и други намирници богати со протеини се важни за здрава коса и нејзиниот раст. Протеините делуваат како градежни блокови на сите наши клетки, вклучително и клетките во косата. Губењето на косата често се должи на слабиот внес на протеини.
Јајца
На кој начин најчесто ги подготвувате јајцата? Не е ни важно. Кајгана, јајца на око и сварените јајца имаат подеднакво добар ефект врз активниот раст на косата. Јајцата нудат широк спектар на здравствени придобивки, така што нивното вклучување во редовната исхрана е многу важно. Оваа намирница, покрај тоа што е богата со протеини, содржи и биотин, кој исто така поттикнува побрз раст на косата и исто така ја зајакнува.
Сардини
Сардините и другите масни риби се главен извор на масни киселини од омега 3 и имаат антиинфламаторно дејство врз нашето тело. Мрсната риба ја одржува косата здрава.
Авокадо
Обожавателите на ова овојше со сигурност знаат дека консумацијата на авокадо е здраво за нив, но сепак тие ја направија оваа зелена храна многу популарна. Авокадото е богато со витамин Е, што е многу важно за раст на косата. Комбининацијата на сите витамини во авокадото ја подобрува циркулацијата на крвта што ги прави фоликулите на косата да работат поефикасно.
Спанаќ
Иако Попај можеби не е најдобриот пример за оваа намирница бидејќи е ќелав, овој цртан лик има право што верува во овој моќен зеленчук. Спанаќот е полн со хранливи материи од фолна киселина до железо и витамини А и Ц, сите овие поттикнуваат раст на косата. Овој зеленчук можеби не го стимулира забрзаниот раст на бицепсот, но растот на косата е друга приказна.
Лосос
Оваа риба е полна со хранливи материи, особено оние кои промовираат раст на косата. Содржи протеини, витамин Д, омега 3 масни киселини и многу други работи кои го стимулираат растот на косата.
Киноа
Добрата стара киноа пред неколку години беше прогласена за „кралица на чистење на организмот“. На долгиот список на здравствени придобивки, киноата е исто така одлична за раст на косата, бидејќи е полна со цинк. Ја одржува косата и го стимулира нејзиниот раст. Кога косата е сува и слаба, тоа се поврзува со недостаток на цинк.
Семе од сончоглед
Ова семе е одличен извор на витамин Е кој е одличен антиоксиданс. Витаминот Е ги штити нашите клетки од оштетување, но тие исто така го поврзуваат со спречување на опаѓање на косата и првут.
Портокали
Овој прекрасен цитрус е полн со витамини Ц, А и антиоксиданти кои го стимулираат растот на косата. Тие се одличен извор на витамин Ц кој поддржува апсорпција на железо. Поради оваа причина, исцедениот портокал е идеален пијалок за појадок со житни семиња, побрзо го апсорбира железото од оброкот што сте го јаделе.