Индустријата за убавина постојано се развива, но научниците досега сѐ уште не успеале да го пронајдат еликсирот на младоста, кој би го запрел стареењето или засекогаш би ја ослободил кожата од брчки. Меѓутоа, меѓу научните истражувања постои и едноставен факт – секојдневна нега на кожата, доволно сон, правилна исхрана и воден баланс помагаат да изгледаме помладо за своите години
Научниците заклучиле: ние сме она што го јадеме. Не се сите намирници еднакво корисни за нашата кожа, но постојат такви што се многу штетни: шеќерот, простите јаглехидрати, алкохолните пијалаци итн.
Тие имаат способност да ја нарушат структурата на колагенските влакна, па дури и ДНК, што, освен лабавост на кожата, кај возрасните може да предизвика и акни.
Меѓутоа, постојат и намирници што помагаат да се зачува младоста на кожата.
Зрелата лубеница содржи ликопен – силен антиоксидант, кој го запира стареењето. Благодарение на нејзиното диуретско својство, солите и токсините се исфрлаат од организмот. Исто така штити од штетните влијанија од УВ-зрачењето.
Калинката има огромно количество витамин Ц – моќно средство во борбата со слободните радикали. Антоцијаните ја прават кожата еластична и свежа, а нивната содржина во калинката го прави ова овошје извор на природен стимулатор за производство на колаген.
Плодовите на калинката му помагаат на организмот да му се спротивстави на лошото влијание од УВ-зрачењето.
Пиперката исто така е богата со антиоксиданти. Изберете зрели сочни плодови – токму во нив се наоѓа најмногу витамин Ц. Пиперката го стимулира производството на сопствениот колаген на кожата.
Маслиновото масло кога се применува надворешно се бори против секое воспаление на кожата, ја влажни, ги зацелува изгорениците и штити од УВ-зрачењето.
Клучно е во медитеранската исхрана, но е важно да се избере висококвалитетно масло.
Немрсното говедско месо е богато со цинк и со витамини од Б-група. Помага за отстранување на сите воспаленија на кожата.
Пилешкото месо е извор на белковини за создавање нови клетки.
Рибата, особено морската, содржи лесно сварливи протеини и омега-масни киселини.
Кисело-млечните производиW се богати со калциум. Живите бактерии помагаат за нормализирање на работата на дигестивниот систем, што влијае позитивно на кожата (ги подобрува тенот и свежината).
Во текот на денот треба да се испие барем една шолја кисело млеко, јогурт или кефир.
Јајцата (жолчките) се богати со лецитин, кој дејствува подмладувачки на кожата. Дневно може да се јадат едно-два јајца.
Важна улога во зачувувањето на младоста игра стресот. Колку помалку го имате во животот, толку ќе изгледате подобро!