Супермоделот Наоми Кемпбел (49) откри дека јаде само еден оброк на ден, пренесува Daily Mail.
Убавицата, која ќе наполни 50 години следниот месец, всушност вечера за време на ручек, и токму тоа е целата тајна за нејзиниот изглед.
– Јадам за време на ручек. Ручекот е мојата вечера затоа што навистина јадам само еднаш на ден – рече таа.
„Недела е ден да се почастам со нешто слатко, тогаш јадам десерти, колачи и пудинзи“, објаснува таа.
Наоми инаку се воздржува од консумирање млечни производи и глутен, и рече дека во минатото постела со денови пред да започнат модните ревии.
– Јадам кога имам потреба и не се изгладнувам. Доколку некој ден не почувствувам потреба за храна, едноставно не јадам, пијам вода и сокови. Тоа зависи од тоа како се чувствувам. За време на летните месеци и топлината, само сакам да пијам сокови – вели Наоми.
– Tоа никогаш не го планирам, било да е тоа еднаш или двапати неделно – заклучува некогаш најпопуларниот модел во светот.