Наоми Кемпбел со нова емисија на интернет, а првата гостинка беше Синди Крафорд!

popara14 април, 20201min00
216529_profimedia0512724810_ls

Наоми Кемпбел наоѓа нови начини да ги забавува своите фанови за време на карантинот. Поточно, оваа недела таа ја објави првата епизода од своето ново шоу, „Без филтер со Наоми“, во кое прв гостин беше Синди Крафорд.

Популарните супермодели од 90-тите години разговараа околу еден час за буквално сè, посветувајќи посебно внимание на тековната криза и животот во карантин.

„Ми се чини дека на планетата и беше потребна пауза“, рече Наоми во емисијата, откривајќи дека поминувањето време во куќата воопшто не и е тешко. Синди зборуваше за неизвесноста со која се соочуваме и како сега е практично невозможно да се прават планови затоа што никој не знае кога ќе заврши сето ова.

Тие исто така разговараа и за некои малку полесни теми, како што се искуства со фотосесии и нивниот „моделски живот“ во текот на 90-тите години.

Видете го нивниот интересен разговор во видеото подолу, а доколку сакате да видите повеќе епизоди од новата емисија на Наоми Кемпбел, погледнете го нејзиниот канал на YoTube.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag