Откри во каква здравтвена сосотојба е
Поранешниот репрезентативец на Србија и моменталниот играч во кинескиот фудбалски клуб Guangzhou R&F, 35 годишниот Душко Тошиќ , во домашната јавност е познат како сопруг на Јелена Карлеуша, утрово е нападнат во Белград на Калемегдан додека имал тренинг, известија тамошните медиуми, а деталите од нападот ги откри самиот фудбалер на социјалната мрежа Инстаграм.
“За да ги пречам предпоставките, точно е дека јас и моите колеги (од кои тројца се странци) утрово бевме нападнати на тренинг, на Калемегдан. Не нападна поголема група на хулигани која имаше ножеви и елекрошокови. За среќа се се заврши без последици. Полоцијата реагираше на време и успе да ги фати напаѓачите кои за жал успеале посериозно да повредат жена која беше случаен минувач”, стои во објавата која Душко ја сподели на инстаграм мрежата.
Инаку, фудбалерот се најде во центарот на вниманието кога во почетокот на минатата година излегоа фотографии кои докажуваат дека наводно Јелена го изневерила со босанскиот фудбалер Огнен Врањеш. За овие шпекулации во медиумите, парот кои од 12 годишниот брак имаат две ќерки Атина и Ника, ги демантираше наводите.