Кој рекол дека пиво и колачи не одат во комбинација? Одат и те како особено ако пивото е една од состојките. Во прилог ви нудиме рецепт за пивски крофни на кои никој не може да им одолее.
Потребни состојки:
- 400 грама брашно
- 100 грама масло
- 1 пиво
- шеќер, сол и квасец
- 200 грама чоколадо за готвење
- чоко чипс
- шлаг со вкус на ванила
Подготовка:
Во брашното додадете го квасецот, солта, шеќерот, разреденото масло и пивото. Замесета смеса дур не добиете средно тврдо тесто и потоа оставете го да нарасне. Откако ќе нарасне растегнете го но да не е подебело од 1,5 см и потоа со помош на калапи и на две по дијаметар различнни чаши почнете да го сечете тестото. Оформените крофни ги оставате 30 минути да нараснат. Маслото го загревате на 185 степени и ги ставате крофните во него да се пржат по 3 минути од двете страни или дур не заруменат.
Откако крофните ќе се оладат ги потопувате во стопеното чоколадо и го посипуваме со чоколаден чипс или рендано чоколадо. Во средината на крофната ставате лажица шлаг од ванила кој пред тоа го матите заедно со пивото.
Добар апетит и на здравје!