Исцрпувачко и нездраво е да се биде постојано достапен за другите: Научете како да кажете – НЕ и да останете со тоа!
Луѓето имаат тенденција да очекувааат од нас, и колку повеќе даваме, толку повеќе очекуваат. Овој однос на давање и достапност, без никаква контрола и мерка, е многу нездрав, тврдат психолозите.
Ако не поставите здрави граници во вашите односи со луѓето околу вас, тие ќе најдат начини да управуваат со вашето време и да го создадат нашиот дневен распоред за нас – се разбира, ако им дозволиме.
Ако имате потешкотии да им кажете “НЕ” на луѓето што ве прашуваат за (сите видови) услуги, наместо автоматско „ДА“ како одговор, навежбајте се велејќи го следново :
- „Ќе го разгледам распоредот, па ќе ти кажам дали имам време и дали можам“.
- „Ќе размислим за тоа, па ќе те известам во текот на денот“.
- „Имам премногу да работа денес и ќе бидам многу уморен, те молам да одложиме за друг пат“.
На тој начин, ќе си купите време навистина да размислите дали можете и навистина сакате да направите нешто што некој „ве прашал“ да направите.
Некои луѓе се толку „агресивни“ што ќе започнат да ве испрашуваат како полициски инспектори (да бидам потполно искрен, тие се некултурни и без компас) што правите баш тој ден, па да не сте слободни, затоа што тие не гледаат какви се вашите обврски (ако немате работа или партнер, во нашите краишта луѓето често мислат дека немате апсолутно никакви обврски и дека треба да бидете на располагање 24/7, што секако не е точно и исправно).