Научниците ги преправаат старите правила за да пронајдат лек за КОВИД-19!

popara8 април, 20201min00
компјутери

Научниците од еден универзитет во Лондон заедно со колегите од САД и Европа со помош на некои од најмоќните компјутери на светот прегледуваат бази на антивирални лекови за да пронајдат начин во борбата против болеста КОВИД-19.

“Ја користиме големата моќ на суперкомпјутерите за да можеме брзо да прегледаме голем број на потенцијални хемиски соединенија кои би можеле да го оневозможат делувањето на новиот коронавирус” рекол професорот Питер Ковини од Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Научниците одговориле дека истите компјутери ги користат повеќе пати, но со различни алгоритми бидејќи така подобро можат да пронајдат соединенија кои покажуваат најголеми склоности кон врзување за КОВИД-19. Во истражувањето учествува и американскиот суперкомпјутер Summit како и германскиот SuperMUC-NG.

Summit е најбрзиот компјутер на светот и се наоѓа во Националната лабораторија Оук Риџ. Суперкомпјутерот SuperMUC-NG е деветти по брзина во светот од тој тип.

Целта на истражувањето е да се пронајдат хемиски соединенија кои би можеле да се прикачат на шилците на молекулот на вирусот и на тој начин да го оневозможи вирусот да се закачи за станиците на човечкиот организам. “Бараме ветувачки соединенија кои потоа дополнително ќе ги испитаме во традиционални лаборатории, а се со цел да најдеме вакцина за КОВИД-19”, рекол Ковини.

Суперкомпјутерите би можеле да ги препознаат вирусните протеини или делови на протеинот кои стимулираат имунитет кои потоа би можеле да се користат за развој на вакцина. Освен тоа, компјутерите можат да проучат и како вирусот се шири во заедницата, како изгледа, како настанал и како влијае на човечките станици.

“Ова е многу побрзо од типичниот процес за развој на лекот”, изјавил Ковини. “На фармацевтските компании им требаат 12 месеци и две милијарди долари за да можат лекот да го одведат од откритие до продажба. Ние ги преправаме правилата со помош на најбрзите компјутери на светот, а се со цел да најдеме игла во пласт сено”

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag