Славната уметничка слика на Едвард Мунк се влошува, а сето тоа е затоа што посетителите во Музејот на Мунк во Осло го преплавуваат дисплејот. За да се заштити ремек-делото од 1900 година се чини дека и сликата, како и сите нас, треба да практикува социјално дистанцирање.
Кога луѓето дишат се ослободува влага и се ослободуваат хлориди. Затоа сликите треба да се чуваат на страна од здивот на минувачите. Тие не смеат да дишат директно во сликата.
Истрагата за влошувањето на сликата почнала кога кураторите забележале дека жолтите делови од небото и од лицето што вреска почнале да бледнеат. Бидејќи Мунк користел кадмиумска жолта, таа може да избледи дури и во најмали услови за влажност. Иако некои експерти сметале дека сликата страда од изложеност на голема светлина, се покажало дека материјалот е осетлив на дишење.
Музејот на Мунк кој е во план да направи нов голем простор оваа година, ќе ги вклучи и научничките откритија во поставувањето на делото што бледнее.