Постојат неколку причини поради кои ова би можело да ви се случува.
Сигурно многу пати ви се случило, од чиста мира, да се разбудите среде ноќ.
Можеби тоа често ви се случува. Доколку е тоа случај, би требало да знаете што се може да значи.
Според истражувањата, кои се спроведени во САД, 43% од луѓето во текот на неделата, не се наспиваат добро бидејќи се будат навечер, во различно време, а потоа имаат проблеми со повторното заспивање.
Истражувањето го објави The National Sleep Foundation во 2011 година, а испитаниците биле на возраст од 13 до 64 години.
Истражувањето откри и дека 60% од луѓето имаат проблеми со спиењето скоро секоја ноќ. Што ги буди? Традиционалната кинеска медицина вели дека тоа зависи од времето кога најчесто се будите. Емоциите и душевните состојби стимулираат различни органи во телото. Сонот е важен аспект за здравјето, а кинеските доктори ритамот на спиењето го нарекуваат Шен.
Нашите тела се дизајнирани така да го следат природниот ритам, како и Шен. Тоа значи дека навечер се одмараме за да можеме да бидеме активни преку ден. Кога ќе се јави немир во периодот кога би требало да спиеме, значи дека нашиот Шен е премногу стимулиран и оттаму произлегуваат потешкотиите со спиењето.
Ако редовно се будите во исто време, немојте да ги игнорирате сигналите кои ви ги испраќа телото. Во зависност од тоа во кое време се будите, органите се обидуваат да ви кажат нешто.
1. Тешко заспивате помеѓу 21 и 22 часот: Под стрес сте
Стресот стана вообичаен виновник за се. Истовремено размислуваме за десет задачи и од нас се очекува секоја да ја завршиме беспрекорно. Кога конечно ќе легнеме, мислите и понатаму ни се во тие задачи и ни оневозможуваат да потонеме во сон. Проблеми на работа, децата во училиште, утрински задачи околу куќата, вежбање, исхрана… Листата е се подолга и подолга.
Стручњаците препорачуваат да размислите за ноќна медитација ако сте се сретнале со овој проблем. Медитацијата му овозможува на телото влез во состојба на мир и смиреност, а тоа ќе го избрка стресот кој се насобрал во текот на денот. Можете да слушате смирувачка музика половина час пред легнување, што ќе ја успори мозочната активност и отчукувањата на срцето и ќе ве подготви за спиење.
2. Се будите помеѓу 23 часот и 1 наутро: Сте доживеале емоционално разочарување
Традиционалната кинеска медицина ова време го препишува на вашето жолчно ќесе, а тоа ги контролира емоциите. Тоа управува со страстите во животот, акцијата и со тврдењата. Доколку е во баланс, се чувствуваме среќно и задоволно. Но, ако ни недостасува страст, имаме проблеми со одлучувањето или сме плашливи, значи дека жолчното ќесе не е во рамнотежа.
3. Се будите помеѓу 1 и 3 наутро: Лути сте
Ако момчето заборавило да ги измие валканите садови, или колешката на работа, која баш и не ја сакате, добила незаслужено унапредување, тогаш сте лути. Лутината е поврзана со црниот дроб. Чувствата и замерките кои не сме ги изразиле се собираат во црниот дроб, па кога се обидувате да спиете телото ве потсетува дека морате да поработите на тие чувства. Важно е да се изразите, бидејќи на тој начин зацврстите врската и да се ослободите од негативноста. Но ако не се позанимаваме со тие чувства, тоа води до создавање на тежок товар кој ќе се манифестира со недостаток на сон.
4. Се будите помеѓу 3 и 5: Вишата сила сака нешто да ви каже
Во овој дел на ноќта најактивни се белите дробови, па тие се одговорни за доставата на енергијата низ целото тело, како и за потпората на имуниот систем. Тие сигнализираат чувства на тага и депресија. Доколку поминувате низ тежок период и не знаете како да го преминете, можеби е време да размислите што сака да ви каже вишата сила. Ако се будите во ова време од ноќта, опуштете се и дишете.
5. Се будите помеѓу 5 и 7 часот изутрина: Имате емоционална блокада
Будењето во ова време од ноќта означува претерано активни црева. Како човечко суштество, сигурно ќе доживеете некој да ве повреди. Таквото искуство води до затварање во себе и потпирање само на себе, пред да ризикувате повторно да ве повредат. Доколку имате проблем да им се доверите на другите, или едноставно не можете да заборавите некои работи, можеби имате проблем со цревата. Нивната задача е да го отстранат отпадот и она што не ни треба од телото.
Физичката функција на органите е многу блиска со духовната, а и емоционалната, нивната задача е да го отстранат се она што не ни е потребно. И затоа, ако се будите навечер, кинеската медицина ве упатува да се соочите со емоциите и конечно мирно да заспиете.