Навиките кои ви делуваат наивно можат да го упропастат вашиот сексуален живот

popara12 март, 20202min00
d

Кај многу парови, со текот на времето се случува да завладее монотонија во спалната соба. Стрес, недостаток на слободно време се само некои од причините што придонесуваат за сето ова. Меѓутоа, она што секако не ви паѓа на памет се вашите животни навики, што секако може да влијаат на вашиот сексуален живот.

За што зборуваме, прочитајте во продолжение и размислете дали и вие го правите ова:

1. На телефонот не му е местото во кревет

Се прашувате, каква врска има вашиот мобилен телефон со помалку секс или целосен недостаток на секс? Ако постојано ги следите вестите или ги следите настаните на социјалните мрежи, заборавате дека не сте сами во кревет, а сето тоа го слабее и вашето либидо. Логично, нели?

2. Прикривање на вашите вистински желби

Комуникацијата е клучот за успешни и исполнувачки односи. Ако не зборувате или ви е тешко да зборувате отворено за тоа кој што преферира, ако се чувствувате дека сте под притисок поради тоа што морате да скриете некои од вашите желби или да молчите и да правите нешто што не ви одговара – сето тоа може да го убие вашето долгорочно задоволство во кревет. Во некои случаи дури е препорачливо да се консултирате со сексуален терапевт, пишува menshealth.rs.

3. Постојано одложување

Сите се често уморни и под стрес поради работата и од овие причини дури го прескокнуваат дури и опуштениот „секс за добра ноќ“. Тогаш треба да ги земете предвид потребите на вашиот партнер и да не го прескокнувате она што може на двајцата да ви донесе задоволство, како и разни други работи, за кои можеби и никогаш не сте сонувале.

4. Без расправии во креветот

Можете ли да ги замислите сите оние „жешки“ моменти на истото место на кое разговаравте за финансиски проблеми пред неколку минути? Никој не го сака тоа.

5. Ја прескокнувате предиграта

За жените, предиграта е важна, па затоа е важно мажите да се посветат на тоа. Задоволството е многу поголемо ако се исполнети меѓусебните очекувања и потреби.

6. Премногу порнографија

Порнографијата не ви го нарушува сексуалниот живот ако е во умерени и избрани моменти или ако взаемно уживате. Меѓутоа, ако сами се „дружите“ пред вашиот компјутер 3-5 пати неделно, ова е нешто што има тенденција тешко да се запре и може да ви предизвика проблеми што не ги сакате, се вели во споменатиот портал.

7. Лоша хигиена

Жените се почувствителни на мириси отколку мажите, па така и лошиот здив може да ја уништи ветувачката ноќ. Валканата постелнина исто така може да придонесе за ова.

8. Телевизијата во спалната соба е лоша навика

Ако сте навикнати да гледате филмови со подобрата половина во креветот, тоа може да биде позитивна навика, но проблемот е ако сте премногу фокусирани само на филмовите.

9. Кога спалната соба е исто така и работен простор

Вашата спална соба и кревет сметајте ги за свето место во кое има место само за одмор и задоволство.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag