Не е ништо страшно да се​​зборува за лошиот секс: 6 совети за „олеснување“ на ситуацијата

popara24 јули, 20201min00
los seks

Сексот за една ноќ може да биде „онака“, а што ако сексот во долга врска е лош?!

Не е многу мудро да се започне дискусија за лошата „изведба“ додека се случува, во кревет! Да не го споменуваме срамот кој ќе го предизвикате кај вашиот партнер и може да се чувствува нападнато.

Тифани Л. Дејвис Хенри, сексуален терапевт од Америка, предложи неколку совети како да го направите тоа подобро…

Правилното опкружување!

Започнете ја оваа „прекрасна” тема само кога сте опуштени, а не во кревет – на пример, за време на вечерата или кога удобно се опуштате на каучот.

Позитивна изјава

Критиката, врамена во пофалби, е подобра од самата критичка изјава. На пример: „Убаво е кога ме бакнуваш по вратот. Можш  да го правиш тоа почесто“, наместо, „ме вознемирува кога пребрзо преминуваш на главниот акт“.

Не очекувајте чуда!

Треба да ги издвоите сите работи што вашиот партнер не може да ги промени – дури и ако би сакал. Ова го вклучува начинот на кој е „опремен таму“, но и неговиот природен мирис на телото. Поентата е дека треба да промените одреден начин на однесување, а не личност.

Прашајте го какви се неговите желби

Во отворен разговор за сексот, не зборувајте само за вашите желби. Вашиот партнер, исто така, има право да ја исполни сексуалноста, затоа прашајте го што најмногу сака и од што би можел да се откаже.

Список

Терапевтот Хенри го препорачува следниот трик на паровите со сексуални проблеми. Треба да напишете на хартија: 1) Работи кои секогаш ви се допаѓаат. 2) Работи што претежно се во ред за вас и 3) Работи што воопшто не ви се допаѓаат. Споделете го списокот и дознајте кој што сака, а што не.

Стручна поддршка!

Понекогаш сексот не се подобрува дури и по бројните разговори. Ако се чувствувате како да сте во ќорсокак, побарајте стручна помош – надворешниот поглед може да ви помогне.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma