“НЕ Е СРАМОТА ДА СЕ БИДЕ БОЛЕН!” Јована и Жељко Јоксимовиќ се огласија откако ги добија резултатите од тестот за корона вирус

popara12 јуни, 20201min00
jelena

Медиумите синоќа објавија дека водителката е заразена, што таа го демантираше истакнувајќи дека сеуште ги чека резултатите, а тие стигнаа утринава! 

Српските медиуми пишуваа сношти, по вестите дека неколку ѕвезди се заразени во изминатите неколку дена на забавата по повод раѓањето на синот на Вељко и Богдана Ражнатовиќ, односно на роденденската прослава која ја организираше Миа Борисављевиќ, дека меѓу нив е и Јована Јоксимовиќ.

Водителката која на првоспоменатата прослава присуствуваше во друштво на сопругот Жељко, ги демантираше овие наоди и рече дека сеуште ги чека резултатите, како и дека сигурно ќе ги соопшти кога ќе стигнат, што се случи изутринава.

Како што пишува “Blic”, ни кант авторот ни водителката немаат причина за грижа.  

— Негативни сме — изјави парот за овој портал, кој додава дека двајцата направиле PCR тест.

Водителката потоа и се обрати на јавноста, преку социјалната мрежа Instagram, каде напиша:

– Не е срамота да се биде болен. Срамота е да се лаже дека е болен оној кој не е. Жељко и јас се тестиравме за корона. Негативни сме. Друштвено е одговорно да се тестирате доколку сте биле во контакт со некој кај кого е потврден вирусот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag