Иако повеќето од нас откако ќе направиме чај веднаш го фрламе ќесичето во ѓубре, ќесичките од зелениот чај сè уште може да бидат добра употреба, т.е овие мали пакувања ќе направат многу за вашата кожа.
За очи
Оладете ги искористените ќесички чај и ставете ги на очите. Ефектот е релаксирачки. Зелениот чај содржи танин и убаво делува на кожата. Студените ќесички со зелен чај ќе го намалат отокот околу очите и ќе ја затегнат кожата, па така ќе се чувствувате одлично.
Пилинг
Бидејќи помага во затегнување на кожата, зелениот чај ќе послужи и како одличен пилинг за кожата на лицето. Измешајте го чајот со кристален шеќер и вода и нежно нанесете на кожата. По пилингот, кожата ќе заблеска, а остатокот мешавина ставете го во фрижидер.
Маска за лице
Измешајте еднакви количини сода бикарбона, зелен чај и малку мед. Медот помага во подмладување на кожата, а зелениот чај ќе помогне да ја затегне. Сода бикарбона е добра за пилинг и детоксикација на кожата.
За коса
Зелениот чај е одличен избор за плакнење на косата бидејќи и дава сјај. Ставете неколку вреќички зелен чај во врела вода и оставете го да преноќи. Следното утро нанесете ја течноста на влажна коса и оставете ја 10 минути на неа. Исплакнете ја, нанесете шампон и измијте ја косата како и обично.