Повеќето од нас откако ќе ги излупат портоокалите кората ја фрлаат но тоа е потполно грешно бидејќи таа може да биде многу коррисна во домакинството.
StethNews навеле за се што може да се користи кората од портокалите. Можете да ја користите за чистење на домакинските апарати кои имаат имаат нерѓосувачки челик или на кои има дамки од вода. Можете да го исполирате мебелот со белиот дел од внатречноста на кората со што ќе го вратите неговиот сјај. Исто тоака може да ја сомелете и да ја поставите на места каде ви се појавуваат инсекти и лесно ќе се ослободите од нив. А ефективна е и против непријатните мириси во домот.
Прво исушете ја кората, потоа сомелете ја и ставете ја во мали платнени кеси кои можете да ги ставите во ормарот или на места каде ви се појавува мубла. Непријатната миризба од кантата за отпадоци може да ја снема доколку ставите исушена кора од портокал во кантата испод кесата.
Исто така може да ја користите и за пилинг на телото. Ставете ја во газа и добро заврзете ја и потоа тријте го телото после туширање.