Кара Делавињ и Каја Гербер се снимени во средата во Лос Анџелес додека беа на протест за правата на Афроамериканците.
Манекенките Кара Делавињ (27) и Каја Гербер (18) привлекоа внимание со своето интимно однесување на протестите на движењето Black Lives Matter.
Кара и Каја се гушкаа во средата во Лос Анџелес додека беа во толпата луѓе сопрани поради правата на Афроамериканците. Девојките одреден дел од времето се прегрнуваа, а додека одеа се држеа за раце.
Делавињ и Гербер привлекуваа внимание и со своите модни комбинации. Кара носеше бел топ и црни кратки панталони, додека на главата имаше капа. Каја, која е ќерка на славниот супермодел Синди Крафорд, носеше мини фустан со точки. Двете манекенки имаа заштитни маски на лицата.
На Кара подоцна на протестот и се приклучи уште една пријателка, глумицата и модел Маргарет Куали (25). Девојките се прегрнаа, а потоа седнаа на страна и разговараа, дури тогаш Делавињ се одвои од Каја.
Инаку, Кара неодамна се раздели од долгогодишната партнерка Ашли Бенсон, позната по улогата во серијата “Pretty little liars”. По разделбата, останаа во добри односи и имаат пофални зборови една за друга.