Не ме дави! 5 СИГУРНИ знаци дека премногу сте напорни во врската

popara7 јули, 20203min00
zamara

Преиспитајте си ги чувствата и дали претерувате во некои работи

Во некоја прилика, момчето ви кажало: “Не ме дави” или “Не биди напорна”?

Тоа ве повредило, бидејќи не се гледате себеси во такво светло.

Меѓутоа, во секоја врска е добро повремено да сги преиспитате своите чувства и да процените дали сте тоа навистина вие, таа страна која става ограничувања и го гњави својот партнер.

Комуникацијата и компромисот се клучни за секоја врска, а експертите издаваат 5 знакови кои зборуваат дека сте премногу напорни во врската.

Вашиот целокупен друштвен живот е свртен кон него

Мажите најмногу се плашат дека ќе ја изгубат слободата- да го трошат времето правејќи машки работи и да ги следат своите омилени интереси и хобија.

Ако од друга страна претпоставете доколку би биле брачен пар, треба цел викенд да го поминете со пријателите или преуредувајќи го мебелот во вашиот стан, тој ќе стане уште повознемирен. Не само што драстично го менувате неговиот животен стил, туку и му наметнувате голема одговорност

Ако има желба во петок навечер да игра карти со пријателите, зошто и вие со своите пријателки не би вечерале?

Исто така, не би ви наштетило да го прашате што сака да прави било која сабота, бидејќи понекогаш неговата идеја на забава не одговара со вашата- и тоа е нормално.

Премногу го анализирате

Понекогаш, ако го прекине повикот без да ви каже дека ве ака, тоа значи дека е зафатен, или е преокопиран со нешто, или само претпоставува дека знаете дека ве сака и може овој пат да прескокне.

Немојте автоматски да доаѓате до заклучок дека е време да прекинување на врската и дека повеќе не ве сака.

Понекогаш таквите работи се ситници. Ако вашиот однос е во ред, заборавете на тоа. Бидејќи, доколку го напправите тоа, ќе го уништите овој однос до крајот на испитувањето на секоја негова мисла и акција.

Премногу сте врзани за него во јавноста

Инсистирате ли држење за рака кога сте во јавност? никогаш не се ргате од него кога сте надвор на забава?

Ако тоа е така, престанете. Да, повеќето луѓе знаат дека сте заедно, и да, постојат некои кои не знаат. Па што? Толку сте несигурни што не може да го пуштите да ужива во разговорот кој можеби не ве ни интересира?

Ако е така, запрашајте се зошто сте во врска во која не верувате во вашето момче.

Инсистирате на тоа секогаш да знаете каде се наоѓа

Му праќате пораки и го барате кога не е со вас, прашувајќи го каде е и што прави? Мора ли навистина да се вклучите во секој тривијален детал во неговиот живот? Запрашајте се зошто. Дали тоа е од несигурност или досада?

во двата случаеви тоа треба да се реши.

Непрекинато го “тероризирате” поради други жени

Доколку сте во кафич и непозната жена се поздрави со вашето момче, мора да знаете која е таа, како ја запознал и дали мисли дека е убава? Го испрашувате ли за жените на работа, кои му се привлечни или која најубаво се облака?

Тоа испрашување станува многу досадно и тоа многу брзо. Секоја жена не ви претставува закана. Ако вашето момче сака да оди, тој ќе отиде. А може и не мора да биде бидејќи се заљубил во некој друг.

Тоа е затоа што не може да толерира ниво на љубомора која ја искажувате за другите жени.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag