Познатата креаторка ја отвори душата и зборуваше за тешкиот период од нејзиниот живот кога за прв пат се сретнала со наркотици, но и кога, неприметно, таа станала зависна од нив.
– Почнав со кокаин на 33-годишна возраст, првиот пат не чувствував ништо, само не ми се спиеше. Продолжив, но само на забавите во Њујорк и Лос Анџелес, кога браќата не ме гледаа. Никогаш во животот не сум си поминувала толку лудо. Не ми падна на памет дека сум зависник. Мислев дека можам да се контролирам, но кокаинот ме контролираше мене – започна приказната на Донатела.
Како и да е, убиството на братот Џани Версаче во 1997 година смени сè.
– Џани беше убиен и јас одеднаш станав новото лице на брендот. Никој не би сакал да купи и носи облека потпишана од непостојан и слаб креатор, кој ја губи главата над дрогата и е склон на самосожалување – признава таа.
Донатела Версаче успеа да се оддалечи од дрогата, но ја замени со зависност од пластични операции, поради што таа повеќе не личи на себе.