Бред Пит, на својата пријателка и шминкерка Жан Блек и приредил вистинско изненадување!
Жан Блек од него добила поубава куќа, а Бред не само што го одбрал дизајнот на куќата, туку ги засукал ракавите, па се фрлил на работа и срушил дел од старите конструкции.
“Таа ми е семејство, ние сме како брат и сестра. Таа е личност која многу ја ценам”, изјавил Бред.
Жан заминала на пат и била отсутна три недели, а во тој период браќата Скот и ја реновирале гаражата, во што им помогнал и самиот Бред Пит. Во нејзиниот дом во Санта Моника и го реновирале студиото за шминкање, спалната соба, кујната и купатилото.