Ирина Шајк уште еднаш ни оддржа модна лекција…
Ирина Шајк се грижи за сите мерки на заштита, но не се откажува од модата. И деновиве, таа се обидува да изгледа совршено стилизирана, а со својот последен стајлинг ја оправдува титулата кралица на добар стил.
Фотографирана е на улиците на Њујорк, во стил кој ги воодушеви сите модни критичари. „Обичен и стилски, едноставен стајлинг за пример. Таа знае како да ја комбинира гардеробата на вистински начин и ретко кога греши“, гласи еден од коментарите на социјалните медиуми.
Милитари принтот беше еден од водечките трендови во текот на зимската сезона и ја одржуваше својата водечка позиција во текот на пролетните денови. Таа дури и ја вклопила маската со својот аутфит и испрати јасна порака до сите дека придржувањето кон сите мерки на превенција е задолжително.