Не смеете да го игнорирате овој знак: Пред да се развие рак на белите дробови, се јавува болка во овој дел од телото!

popara23 јули, 20201min00
beli drobovi

Болеста е подмолна и не покажува јасни знаци сѐ додека не отиде предалеку, затоа важно е постојано добро да го слушате организмот и сигналите што ги испраќа

Ракот на белите дробови е сѐ почеста болест кај голем број луѓе. Првите сигнали честопати проаѓаат незабележано, бидејќи може да се помешаат со симптоми на некои состојби што не се опасни.

Ракот на бели дробови е состојба при која клетките во белите дробови почнуваат неконтролирано да растат и формираат тумор – маса на заболени клетки. Оваа состојба на почеток поминува без никакви знаци, а првите сигнали што се јавуваат, обично заболените лица не ги сфаќаат сериозно.

Кога ќе почне формирањето на овој карцином може да се јави болка во градите или рамената, наведуваат британските лекари во неодамна објавеното истражување.

Тоа е најраната фаза, а доколку се забележи карциномот во тој момент, шансите за излекување се поголеми. Доколку освен оваа болка забележите и уште некој од наведениве симптоми, добро би било да одите на контрола Вака се манифестираат симптомите на респираторен карцином:

  • зачестена кашлица
  • болка за време на кашлањето
  • губење здив и чувство на замор додека правите работи што претходно сте ги извршувале без проблем
  • траги од крв за време на кашлање
  • губење апетит
  • константно чувство на замор неколку дена
  • губење тежина

Лекарите нагласуваат дека овие симптоми не се секогаш знаци на рак, но сепак, најдобро би било да се отиде на преглед.

Лекувањето на овој вид карцином е возможно и може долго да се живее со него. Некои од методите што се применуваат, во зависност од тоа каде се наоѓа ракот, со каква големина е и во која фаза е, се хирургија, радиотерапија и хемотерапија, но и некои други форми на лекување.

„Фотодинамичката терапија може да се користи за лечење рак на белите дробови во ран стадиум кога личноста не е во можност или не сака да се оперира“, велат лекарите.

Одредени стилови на живот и навики можат да го зголемат ризикот од појава на оваа болест, а во најризичната група спаѓаат луѓето што пушат. Истражувањето покажало дека 7 од 10 случаи на карцином на белите дробови се предизвикани токму од никотински чад.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma