
Британскиот модел не престанува да ја скокотка фантазијата на милиони следбеници на социјалните мрежи со провокативни фотографии „Помалку е повеќе“, дефинитивно е фразата која ја држи 25-годишната манекенка Деми Роуз, која е позната по своите разголени фотографии на Инстаграм. Овој пат, таа го послужи задникот во танга, како и градите во провокативен фустан до својата база од 14 милиони следбеници.
Летото за Деми сè уште не е завршено, а таа уште еднаш им приреди на обожавателите празник за очи. „Изгледаш сензационално“, „Ќе го срушиш интернетот“, „Не сум лезбејка, но…“, се само дел од коментарите на фотографиите.