Жителите во близина на езерото во Прачин Бури во централниот дел на Тајланд, беа шокирани кога ја видоа сцената кога “кралската кобра” ја бркаше многу помалата змија.
Видеото на социјалните мрежи за многу брзо време стана вирално, а во него се гледа како кобрата долга 3,7 метри, ја брка, а потоа и ја голта значително помалата змија.
- Жртвата веќе беше мртва кога стигна во устата на кобрата. Не можеме да помогнеме затоа што тоа е природен екосистем – изјави еден од жителите.
Кралската кобра е отровна змија широко распространета во Индија и Југоисточна Азија. Таа е на црвената листа на IUCN од 2010 година со статус на ранлива врста.