После тажната вест за смртта на славниот кошаркар, уметниците ширум светот му укажаа почит така што насликаа мурали со ликот на Коби Брајант и неговата тринаесетгодишна ќерка, а неколку од овие дела се наоѓаат во Лос Анџелес, каде што живее семејството на починатиот спортист.
Неговата вдовица Ванеса и трите ќерки направија нешто за што треба многу сила и храброст – тие позираа пред еден од тие мурали, насмеани. Сопругата на Коби Брајант, во описот на овие фотографии објави стих од песната „Smile“ од Нет Кинг Кол.
– Насмевни се иако срцето те боли, насмевни се дури и кога мислиш дека ќе се скрши – се почетните стихови на оваа песна.
Иако станува збор за трогателна фотографија која сведочи за тоа колку е силна Ванеса за нејзините девојки, на социјалните медиуми се појавија и негативни коментари. На некои твитар корисници им пречи тоа што членовите на семејството Брајант позираат насмеани.
Од друга страна, не се малку оние кои и се восхитуваат на Ванеса за нејзината сила и истакнуваат дека насмевките и радоста се најдоброто што сега може да го направи за своите деца.