Неколку чекори до совршени стапала: како да направите домашен педикир?

popara10 април, 20202min00
pedikir

Додека сте дома и имате малку повеќе време, посветете се на вашите стапала.

Сезоната на сандалите е пред нас па време е да ги средите стапалата и редовно да ги негувате.

Козметичарката Елена Кан советува како да направите домашен педикир – само следете ги чекорите.

Омекнете ја кожата

Првиот чекор на педикирот е да ги потопите стапалата во топла вода пет до десет минути.

„Користете го тоа време за да се опуштите. Исто така, доколку имате, можете да додадете неколку капки есенцијално масло. Тие ги смируваат вашите нерви и ви даваат спа третман каков што  заслужувате“, вели Елена.

Исечете ги и истурпијајте ги ноктите

Следниот чекор е сечење на ноктите. Козметичарката советува секогаш рамно да ги сечете ноктите, а потоа со турпија да ја направите посакуваната формата.

Додека ги турпијате ноктите, таа советува да ја движите раката во една насока, наместо лево-десно, бидејќи тоа го ослабнува ноктот.

Не е лошо на коренот на ноктот да се нанесе крем и потоа нежно да се четка со четка – ова ќе ги отстрани мртвите клетки на кожата.

Потоа со дрвено стапче притиснете ги кутикулите – овој чекор е важен за да ги одржите ноктите здрави и да растат нормално.

Направете пилинг

Можете да користите пилинг за стапала, но козметичарката вели дека можете да користите и било кој пилинг за лице.

„Направете пилинг на стапалата, на петата, обрнете внимание на кожата помеѓу прстите и кожата на страната на стапалата. Не ги заборавајте глуждовите“, истакнува Елена.

Хидрирајте ја кожата

Кога нозете се чисти и свежи потребна им е хидратација што ќе ги „подмлади“. Земете било каква крема за навлажнување и масирајте ги нозете и глуждовите.

Налакирајте ги ноктите

Пред да ги налакирате ноктите, нанесете малку ацетон на памукче и извадете ја маста од ноктите. После тоа, нанесете основа или безбоен лак. После тоа, нанесете ја саканата боја на лак, оставете да се исуши и ставете го последниот слој – овој последен чекор ќе ги направи вашите нокти да изгледаат поубаво.

Почекајте лакот да се исуши околу 15 минути, а потоа нанесете го маслото за кутикули.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag