Џони Деп со децении важи за еден од најдобрите актери во светот, но тој е придружуван и од статусот на ексцентричен уметник од кого секогаш можеме да очекуваме – неочекувано! Ова се неколку интересни работи за него што веројатно не сте ги знаеле.
Ја испукал пепелта на еден познат писател од топ
Една од најпознатите улоги на Џони беше во филмот „Параноја во Лас Вегас“. Тоа е достигнување засновано врз романот на Хантер Томпсон, инаку близок пријател на Деп, кој изврши самоубиство во пролетта 2005 година. Последната желба на Томпсон беше неговата пепел да биде отпуштена од топ, а Џони се потруди да му ја исполни желбата и тврди дека потрошил пет милиони долари за да го организира тоа.
Тој ги даде сите пари од филмот Имагинариум на д-р Парнасус на семејството на Хит Леџер
Откако австралискиот актер почина за време на снимањето на овој филм, во неговата улога се појавија Џони Деп, Колин Фарел и Џуд Лоу, а целиот приход на Џони заврши во рацете на Матилда Леџер, ќерка на Хит.
Тој секогаш има костум на Џек Спароу со него
Иако зад себе има десетици незаборавни улоги, во последните години, кога размислувате за Џони Деп, обично го замислувате како пијан и лукав пират од филмот „Пиратите од Карибите“. Малите се особено воодушевени од овој лик, па Џони секогаш има костум со Џек Спароу со себе, а во неколку наврати тој се има појавено во детските болници во Америка, како што има изјавено, тогаш обично поминува неколку часа со малечките и цело време останува во ликот за да ја забавува својата мала публика.
Никогаш не освоил Оскар
Верувале или не, Едвард Раце Ножици, Свиниј Тод, Џек Спароу никогаш не добиле Оскар. Џони прв пат беше номиниран во 2004 година, а потоа во 2005 и 2008 година, но тој сè уште не ја подигнал познатата статуетка.