Ви ги донесуваме најинтересните и најефикасни трикови за чистење кои ќе ви го олеснат животот:
1. Лимон за дамки – Верувале или не, можете да користите сок од лимон за чистење дамки од скоро секоја површина, дури и од пластика.
2. Ореви за дрвени површини – Дали имате гребнатини на дрвениот под? Исечете го оревот и лесно притиснете го и раширете го на оштетеното место, а маслото од орев ќе си го направи своето.
3. Гумени ракавици за влакна од домашно милениче – Ако имате домашно милениче, знаете колку е тешко да се исчистат влакната од мебел и подови. Сè што ви треба е гумена ракавица што ќе ја ставите на вашата рака и ќе ги поминете површините каде има влакна што ќе се лепат на ракавицата.
4. Леб за дамки на ѕидот – Ако ве нервираат отпечатоци од раце или нечистотија на sидовите, земете парче бел леб што дефинитивно сте планирале да го фрлите и исчистете го со него. Ќе бидете воодушевени од резултатот.
5. Вотка за куќата која мириса убаво – Постојат разни хемикалии во различните мириси што ги користите во домот, но има и една здрава опција – вотка! Измешајте водка и вода и додадете неколку капки есенцијално масло. Испрскајте ги исто така завесите или мебелот за неодолив мирис.